АРСОВСКИ, Тихомир

АРСОВСКИ, Тихомир (Скопје, 18. Ⅴ 1929) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1959). Работел во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје и во Комитетот за урбанизам и заштита на човековата околина при Собранието на град Скопје. Бил избран за вонреден професор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (1981). Освен со архитектонското и урбанистичкото проектирање, се занимава и со научноистражувачка работа на тематика од архитектонското наследство. Учествувал на повеќе анонимни конкурси. Бил главен проектант и раководител во изработката на Генералниот урбанистички план на град Скопје (1965) и на проектот за Старата скопска чаршија. Позначајни реализации: трговско-занаетчиски објекти во Старата скопска чаршија (1968) со М. Томиќ и А. Банчотовски, Стоковната куќа „Мост“ во Скопје (1977), Градскиот трговски центар во Скопје (1973, со тим). БИБ.: Градски трговски центар, Скопје 1970; Стара скопска чаршија, Скопје 1971; Старо Скопје – еволуција на урбаните форми (5200 г. пр. н.е. – ⅩⅠⅩ век); Старо Скопјеприлози за урбаната историја на Скопје (ⅩⅠⅩ-ⅩⅩ век), Ⅱ, со Нада Ташковска-Арсова, Скопје 1988; Скопје – урбанизам и архитектура (ХХ век), Скопје Кр. Т. Томе Арсовски