Арсов

Арсов (с. Смојмирово, Берово, 9. Ⅸ 1938 – Скопје, 22. Ⅹ 2001) – математичар, ред. проф. на ПМФ (1984). Дипломирал на ПМФ (1961), магистрирал во Белград (1971), бил на специјализација во Тибинген, Германија (1972/73), а докторирал на ПМФ (1974) со темата „За некои класи штајнерови системи“. Публикувал научни трудови од областа на геометријата и алгебрата, стручни трудови и учебници за средно и високо образование. Бил продекан на Математичкиот факултет и на ПМФ и главен уредник на списанијата „Сигма“ и „Нумерус“. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 558/’91. Н. Ц.