АРНАУДОВА, Виолета Виданова

АРНАУДОВА, Виолета Виданова (Скопје, 22. Ⅴ 1956) – психолог, универзитетски професор. Сту-Виолета Арнаудова дии по психологија завршува на Филозофскиот факултет во Скопје (1979), каде што и магистрира (1986) и докторира (1995). Изведува настава по предметите: Општа психологија, Психологија и Психологија на креативноста, за студентите од Филозофскиот факултет и од Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. БИБ.: Ајде да мислиме како да мислиме – 101 идеја за развој на креативното мислење, коавтор, 1995; Поттикнување и развивање на креативното мислење со техники на дивергентна продукција, 1996; Приоди кон визуелно размислување, коавтор, 2000. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 209. В. Арн. Љупчо Арнаудовски