АРГИРИЈАДЕС, Панагиотис

АРГИРИЈАДЕС, Панагиотис (Паул Аргѕриадèс) (Македонија, 1849-Париз, 1901) – правник, публицист. Во Париз бил адвокат во Апелацискиот суд. Се застапувал за создавање балканска федерација (од 1869). Дејствувал и преку „Меѓународната лига за мир”, која за тоа расправала на конгресите во Лозана (1869) и Женева (1876 и 1886). Го издавал сп. „Ла Љуестион Социале” (1885), во кое објавил статија „Македонија”, во која го образложува проектот за држава Македонија во балканска конфедерација поставена од земјите под власта на османлиската држава. Под негово претседателство (1894) била основана Лигата за балканска конфедерација, со цел да работи на реализирање на проектот. ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, П. Аргиријадес за Балканската конфедерација и решавањето на македонското прашање-Македонското прашање, Скопје, 1990; Михајло Миноски, Идејата за конфедерација во македонската политичка мисла, Годишен зборник на филозофскиот факултет, Скопје, 1990-1991. М. Мин.