АНЧЕВСКИ, Александар Димитров

АНЧЕВСКИ, Александар Димитров (Скопје, 9. Ⅱ 1947) – дерматовенеролог, редовен професор. Мед. ф. (1972) и специјализација (1977) завршил во Скопје. Докторирал од областа на трихологијата (1986). Избран е за наставник (1987). Основач е на Амбулантата за болести на косата на Клиниката за дерматовенерологија. шеф на Катедрата по дерматовенерологија (1988–1991 и 1995–1997) продекан на Мед. ф. (1995–1999) и ректор на Унив. „Св. Кирил и Методиј” (1998–2004). Добитник е на повеќе награди и признанија: Социус хонорис цауса на Бугарското дерматолошко здружение и носител на „Сина лента”; награда од Јапонското здружение на дерматовенеролозите. Автор е на повеќе од 100 стручно-научни трудови објавени во земјата и во странство. БИБ.: Алопеции, Скопје, 1993; коавтор: Современа дијагностика и терапија во медицината, Скопје, 2000; Дерматовенерологија, Београд, 2000; Дерматовенерологија, Скопје, 2006. Љ. П.