АНДРЕВСКИ, Јован Минев

АНДРЕВСКИ, Јован Минев (с. Турје, Охрид 14. Ⅰ 1942) – генералпотполковник, началник на Гене-ралштабот на АРМ. Завршил средно воено училиште, Воена академија, Командноштабна и школа на народната одбрана во ЈНА. Започнал како командир на инженериска чета, потоа ги извршувал должностите командант на инженериски баталјон, началник на штаб на инженериска бригада и командант на инженериски полк во ЈНА. Во АРМ ги вршел должностите командант на Ⅰ и Ⅲ корпус и началник на Гш на АРМ (11. Ⅱ 2000 – 16. Ⅵ 2001). Бил советник на претседателот на Република Македонија за воени прашања, а потоа пензиониран (14. Ⅲ 2002). В. Ст. Андреј (Дамјан) Андреев