АНГЕЛОВСКИ, Лазо

АНГЕЛОВСКИ, Лазо (с. Граждано, Леринско, 1925 – Лерин, 1948) – деец на македонското национално движење. Еден од организаторите на македонската просвета во Егејска Македонија во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Основно и средно образование завршил на грчки јазик. Во 1944 г. во Битола завршил курс по македонски јазик. Во 1947 г. се вратил во Егејскиот дел на Македонија и се посветил на просветната дејност. Во с. Герман, Преспанско, го завршил курсот за македонски народни учители „Гоце Делчев”. Отворил 87 македонски училишта во коишто учеле 10.000 ученици. Во 1948 г. е фатен од грчките власти, мачен и осуден на смрт. Остави трогателно претсмртно писмо. ЛИТ.: Хр. Ристовски, Лазо Ангеловски, учител и револуционер, Скопје, 2000; С. Киселиновски, КПГ и македонското национално прашање (1918–1940), Скопје, 1985. Ст. Кис.