АНАСТАСОВ, Васко

АНАСТАСОВ, Васко (Кавадарци, 15. Ⅴ 1926) – еден од основоположниците на македонското новинарство. Во есента на 1942 г. го уредува илегалниот информативен „Билтен” и Радио весник за Тиквешкото подрачје. Во периодот 1945-1955 г. новинар на „Нова Македонија” и на Радио Скопје. Дипломирал на Новинарско-дипломатскиот факултет во Белград. Постојан дописник на „Нова Македонија” за Блискиот Исток во Истанбул (1953/54). Од 1955 до 1983 г. директор и главен уредник на неделникот „Трибина”. Публицистички трудови: „Нов живот” (1951), „Патувања по турските полиња (1955), „По трагите на Насредин Оџа” (1956), „Каде оди Кина” (1981). Б. П. Ѓ.