АНАНИЕВ, Јован

АНАНИЕВ, Јован (с. Ратавица, ПробиШтипско, 29. Ⅷ 1947 – Струмица, 17. Ⅴ 2003) – археолог од Заводот и музеј во Струмица. Раководел со систематските истражувања и конзервација на термите во Банско кај Струмица (1978-2003) и со ископувањата на пространата некропола на комплексот Водочки цркви – „Св. Леонтиј” во с. Водоча кај Струмица Јован Ананиев (1979-2003). Автор е на дваесетина трудови од областа на доцноантичката и средновековната археологија, сфрагистиката и нумизматиката. БИБ.: Турска бања – Панаѓур – Римски терми, „АР”, 27 (1986), Лјублјана, 1987; Византийские печати на територии Республики Македонии, 6 тх ИСБС, Велики Преслав, 1978. Ел. М.