АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат како трговски во 1776 г. Првата политичка активност САД ја преземаат на Цариградската конференција (1876/1877) како предлог за автономија на Македонија. Прв индиректен контакт со македонското националноослободително движење воспоставуваат по повод киднапирањето на протестантската мисионерка Елен Марија Стон (Еллен Мариа Стоне), заедно со Катерина Стефанова–Цилка (септември 1901 – март 1902). САД не се ангажираат Мис Стон во настаните поврзани со Илинденското востание, ниту во спроведувањето на реформите, но ја поддржуваат британската политика во интерес на Македонија. Во балканските војни се воздржуваат од непосреден ангажман, но ставот на САД во однос на Букурешката конференција е „целосна граѓанска и верска слобода за жителите на областите што би потпаднале под суверенитетот на која било од петте сили”. Во Втората светска војна воена мисија на САД е акредитирана при Гш на НОВ и ПОМ. шефот на мисијата, мајор Дикенсон (Дицкенсон) држи говор на Првото и на Второто заседание на АСНОМ, како израз на де фацто признавање на новосоздадената македонска држава. Процесот на иселување Македонци во САД започнува во ⅩⅠⅩ в. и продолжува до денес. Првото македонско иселеничко друштво се формира во 1899 г. во Норд Адамс (Масачусетс). Во 1920 г. на собирот во Форт Вејн (Индијана) македонските организации се обединуваат во МПО, чие раководење во 1924 г. е преземено од антимакедонски (пробугарски) сили, поради што во 1931 г. во Гери (Индијана) се формира нова македонска политичка организација – Македонски народен сојуз (МНС) чија цел е со сопствени сили и средства да ја помага борбата за конституирање на Македонија како независна држава. МНС функционира до 1949 г. Првата македонска црковна општина се формира во 1961 г. (Гери). Во втората половина од ⅩⅩ в. македонските емигранти се сериозно етаблирани во економскиот, политичкиот, културниот и спортскиот живот на САД. Во 1963 г., по катастрофалниот земјотрес во Скопје, припадници на Армијата на САД учествуваат во неговата изградба (ул. „Рузвелтова”, „Џон Кенеди” итн.). Во 90-тите години од ⅩⅩ в. САД во Република Македонија учествуваат со сопствен контингент војници во мисијата УНПРОФОР/УНПРЕДЕП како израз на де фацто признавање на РМ. Канцеларија за врски на САД во Скопје се отвора во декември 1993 г. САД ја признаваат Република Македонија на 8. Ⅱ 1994 г. под референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија ”. Дипломат-ски односи се воспоставуваат на 13. IX 1995 г. Првата амбасада на Република Македонија во САД се отвора на 25. IX 1995 г., а првиот конзулат на 15.Ⅱ 1996 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Република Македонија е Кристофер Хил (Цхристопхер Хилл). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во САД е Љубица Ачевска. Од февруари 1994 до јуни 2003 г. комуникацијата на САД со Република Македонија се одвива под привремената референца ПЈРМ, во согласност со одредбите содржани во Резолуцијата 817/93 на Советот за безбедност на ООН. На 30. Ⅵ 2003 г. владите на САД и на Република Македонија склучуваат Договор за предавање лица на Меѓународниот кривичен суд (12. XI 2003), во кој се употребува името Македонија, односно Влада на Македонија во својство на ополномоштен орган за склучување на Договорот. Од 4. XI 2004 г., со одлука на претседателот на САД Џорџ Буш, САД $ се обраќаат на Република Македонија под уставното име. ИЗВ.: Манол Пандевски, Аферата Мис Стон низ американската дипломатска преписка, Одбрани дела, 4, Скопје, 1981.ЛИТ.: Михајло Миноски, САД и Македонија 1869-1919; Виктор Габер, За македонската дипломатија, Скопје, 2002; Светомир шкариќ, Македонија на сите континенти, Скопје, 2000. Т. Петр.