АМАНДМАНИ НА УСТАВОТ НА Република Македонија

АМАНДМАНИ НА УСТАВОТ НА Република Македонија (1992-2005) – дополненија и поправки на постојните устави. Првите амандмани на Уставот на Република Македонија, Амандманот Ⅰ и Амандманот Ⅱ, беа донесени 1992 г. Со овие амандмани се констатира дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседите и дека нема да се меша во внатрешните работи на други држави. Амандманот Ⅲ беше донесен 1998 г. Со овој амандман се променија одредбите за времетраењето на притворот. Уште 15 амандмани (ИВ–ⅩⅤⅠⅠⅠ) беа донесени 2001 г. Амандманот Ⅳ ја содржи новата преамбула на Уставот на Република Македонија. АмандманотⅤна нов начин го уредува прашањето на службениот јазик, неговото писмо и неговата употреба при издавањето на личните документи. Освен македонскиот јазик и кирилското писмо, службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија. Амандманот Ⅵ ја воведува соодветната и правичната застапеност на граѓаните што им припаѓаат на малцинските заедници во органите на државната власт и во јавниот живот во земјата. Амандманот Ⅶ ги набројува верските заедници во Република Македонија: Македонска православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница. Амандманот Ⅷ ги регулира правата на припадниците на заедниците во Република Македонија. Амандманот IX ги гарантира заштитата, унапредувањето и збогатувањето на историското и уметничкото богатство на сите заедници во државата. Амандманот Ⅹ го регулира двојното одлучување во Собранието на Република Македонија за прашањата што ги засегаат малцинските заедници. Амандманот XI ги регулира изборот и надлежностите на Народниот правобранител. Амандманот Ⅻ го воведува Комитетот за односи меѓу заедниците. Амандманите ⅩⅠⅠⅠ, ⅩⅣ и ⅩⅤ ја обезбедуваат застапеноста на припадниците на малцинските заедници во Советот за безбедност на Република Македонија, во Републичкиот судски совет и во Уставниот суд на Република Македонија. Амандманите ⅩⅤⅠ и ⅩⅤⅠⅠ го уредуваат прашањето на надлежноста и донесувањето на законите од областа на локалната самоуправа. Амандманот ⅩⅤⅠⅠⅠ ја регулира постапката за измена на Уставот на Република Македонија за прашања од интерес за малцинските заедници. Амандманот ⅩⅠⅩ беше донесен 2003 г. Со овој амандман се овозможува отстапување од неповредливоста на тајноста на сите облици за општење. Уште 11 амандмани (ⅩⅩ–ЏЏЏ) беа донесени 2005 г. и со нив се извршија пошироки реформи во правосудниот систем, како и промена на уставните одредби со кои се регулираат правото на имунитет на министрите и неспоивоста на судската и обвинителската функција со други функции и професии. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.