АЛОХТОНИ-ЕГЗОТИЧНИ ВИДОВИ ДРВЈА И ГРМУШКИ

АЛОХТОНИ-ЕГЗОТИЧНИ ВИДОВИ ДРВЈА И ГРМУШКИ -. (грч. ексотикос – стран, надворешен) – дрвја пренесени од други делови на светот (континенти) за да се одгледуваат и да се користат надвор од својот природен ареал. За разлика од автохтоните (домашни) видови, егзотите во новата татковина не растат самоник-Адаптирано дрво во Македонија (Абиес цонцолор Линдл.) нато. Интродукцијата на егзоти во Македонија, систематски и на научна основа, започна по Втората светска војна, кога се внесуваа дрвни видови за стопанска и за хортикултурна намена. Во текот на изминатите шеесет години, некои од видовите за стопанска намена добро се адаптираа и покажуваат извонредни резултати во поглед на продукцијата на дрвната маса и се наметнуваат како многу значајни за шумарската оператива. Меѓу поважните се: Абиес цонцолор Линдл., Абиес грандис Линдл., Абиес нордманниана Спацх., Цалоцедрус децурренс Торр., Цедрус атлантица Ман., Цедрус деодара Лоуд., Цедрус либани Лањс., Цхамаецѕпарис лањсониана Перл., Цупрессус аризоница Греене, Цупрессус семпервиренс Л., Фраџинус америцана Л., Гинкго билоба Л., Југланс нигра Л., Лариџ децидуа ДЦ., Пицеа пунгенс Енгелм., Пинус брутиа Тен., Пинус еџцелса Валл., Пинус маритима Милл., Пинус монтицола Доугл., Пи-нус стробус Л., Псеудотсуга мензиесии Францо, Робиниа псеудоацациа Л., Сељуоиадендрон гигантеум Ендл., Сопхора јапоница Л., Љуерцус аегѕлопс Л., Љуерцус рубра Л., Улмус пумила Л. ЛИТ.: Александар Андоноски, Интродукција на стопански важни шумски дрвја во Македонија, во: Зборник на трудови на Советот за стопанисување со голините. Ал. Анд. Алпска вегетација во РМ