АЛЕКСИЈ Ⅰ

АЛЕКСИЈ Ⅰ Комнин (1048–1118) – византиски император (1081– 1118), основач на династијата Комнини, претставник на военото благородништво. Војувал против Норманите, Печенезите, Ср-бите, Куманите и Селџуците во Мала Азија. Успеал да ја стабилизира Византија и да ја спаси од распаѓање. На внатрешен план, системот на пронии добил воен карактер, создал нова војска и флота. Населувал Печенези и Кумани во Македонија (Мегленско). ЛИТ.: Ф. Цхаландон, Ессаи сур ла рèгне д’Алеџис Ⅰ Цомнèне (1081–1118), Парис, 1900 (репринт Нењ Ѕорк 1971). К. Аџ.