АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски

АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски (Велики) (шАле´џандроз Г ; Алеџандер Магнус) (Пела, 356 г. пр.н.е. – Бабилон, 13. Ⅵ 323 пр.н.е.) – македонски цар (336–323 пр.н.е.) од династијата на Аргеадите, син на Филип Ⅱ и на Олимпијада, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му го даваат прекарот „Магнус” –„Великиот освојувач на Светот”. Воспитуван во духот на Александар Ⅲ Македонски (Велики) македонската аристократска традиција; на 13-годишна возраст е подучуван од филозофот Аристотел во малото место Миеса (близу до Бероја); неговото образование опфаќа: поезија, астрономија, геометрија, реторика/еристика, натпревар во гимнастички вежби, јавање и лов. На 16-годишна возраст Филип му го доверува управувањето на Македонија (340) додека тој е во поход против Бизантион. Првиот воен поход му е против Мајдите (племе на горниот тек на р. Стримон), ја извојува првата победа и тука го основа градот Александрополис. На 18 години учествува во славната битка кај Хајронеја (338) и заедно со татко му Филип ги победуваат здружените сили на Хелените. По убиството на Филип (336) Македонското собрание го прогласу- Карта на освојувањата на Александар Ⅲ Македонски Александар Ⅲ во битка со Персијанците (релјеф) ва за владетел на Македонија. Првата воена акција е насочена кон хеленските полиси што се обидуваат да ја отфрлат македонската власт и ги присилува да го почитуваат Коринтскиот договор, според кој тој ја наследува титулата „Хегемон на Хелените”. Во походот (335) ги поразува Трибалите и нивните сојузници Гетите, потоа и илирските племиња, па од илирската територија се спушта во Хелада, каде што повторно избувнува антимакедонско востание (поттикнато од Демостен), со жариште во Теба; ги поразува Тебанците, а Атина го прифаќа понудениот мировен договор. Во 334 пр.н.е. тргнува во поход против Персија со 40.000 војници и со 1.600 воени бродови; во Мала Азија навлегува преку Хелеспонт, кај Сест; првиот воен судир со персиската војска се случува кај р. Граник на Пропонтида (334). Победата му го отвора па-тот за натамошен пробив; лидискиот град Сард се предава без борба, а потоа и градовите на Ајолида и на Јонија, меѓу кои е Ефес, каде што е дочекан како ослободител од персиското ропство; единствено Милет и Халикарнас даваат отпор (334). По овие освојувања ја дели војската на два дела: едниот дел, на чело со Парменион, оди да презими во Сард, а другиот тргнува во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во 333 г. пр.н.е. целата војска се собира во Гордион, престолнината на фригиските кралеви (Гордиј и Мида), каде што, според една легенда, Александар го пресекува со меч неразврзливиот јазол на јаремот на кралот Мида, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија. Во освоените територии најчесто го задржува постојниот административен систем: сатрапиите – основни административни единици со сатрапи, а најчесто Персијци, ја имаат цивилната и воената власт (освен во Лидија, каде што е поставен Македонец), додека финансиската власт ја раководат Македонци; македонската војска ја контролира освоената територија. Првата битка со „Големиот цар” Дариј Ⅲ се случува кај Исос (333), каде што Александровата војска победува, а Дариј бега од бојното поле. Во Феникија ги освојува утврдениот град Тир и гр. Газа. Во Египет е дочекан како ослободител и прогласен е за фараон; во Мемфис египетските свештеници му ја предаваат двојната круна на египетските фараони; на делтата на р. Нил го основа (331 г.) гр. Александрија (територијата на градот ја исцртува со брашно од јачмен (според древниот македонски обичај). Преку Сирија влегува во Сев. Месопотамија; кај Гавгамела (331) ја извојува победата над големата персиска војска; се прогласува за цар на Азија и царски влегува во древниот град Бабилон, главен центар на Персиското Царство; ја освојува и втората персиска престолнина Суза, а потоа гр. Екбатана. Потерата по персискиот цар завршува во Хекантопил, каде што го наоѓа мртвото тело на Дариј Ⅲ Кодоман, убиен од персискиот сатрап Бес. Откако со царски почести го погребува, Александар, новиот персиски цар, продолжува на север кон Хирканија и Партија, области на југ од Каспиското Море. Од 330 до 327 г. пр.н.е. престојува во Бактрија и во Согдијана. Во Бактрија (327) се жени со една од најубавите жени Иранката Роксана, која, по неговата смрт, го раѓа синот Александар Ⅳ. Во походот во Индија на р. Хидасп ја води последната голема битка со кралот на Пенџаб – Пор (326). По големата победа, кон своето царство ги присоединува и земјите од онаа страна на Инд; на местото на победата го основа гр. Никаи (Победа), а во близина го гради гр. наречен Букефала (во спомен на својот славен коњ Букефал). На бреговите на р. Хифаст подигнува дванаесет жртвеници на боговите и столб на кој пишувало: „Овде застанал Александар”. На враќање, на брегот на Инд, основа нова Александрија (една од 17-те Александрии). На брегот на Индискиот Океан Александровата војска се дели на два дела, едниот дел, под водство на Александар, се движи по копно, а другиот, под водство на Неарх, плови 80 дена. Во 324 г. целата македонска војска се собира во Суза, каде што организира прослава во чест на „Големата света свадба”: се венчаваат 10.000 Македонци со Персијки; меѓу нив и самиот Александар, кој се жени со ќерките на Дариј, Брасида и Парисатида и со најмалата ќерка на Артарксеркс, Охос. Планира натамошни походи, многу повеќе истражувачки отколку освојувачки: поморско патување околу Арапскиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле (или Мелкарт), најстариот теснец меѓу Европа и Африка (ден. Гибралтар). Плановите пропаѓаат со неговата смрт. Останува запаметен како најголем светски војсководец и непобедив воин, творец на новиот свет, на новата епоха, на новиот поредок. ЛИТ.: Плутарцх, Алеџандер, Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Цуртиус Руфус, Де Ребус Гестис Алеџдри Мацедонис вол. И, Парисиис, 1822; Њ. Л. Адамс анд Е. Н. Борза, Пхилип Ⅱ, Алеџандер тхе Греат анд тхе Мацедониан херитаге, Њасхингтон, Д. Ц., 1982; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Ј. Н. Борза, Во сенката на Олимп, Скопје, 2004; П. Босе, Алеџандер тхе Греат, Лондон, 2003; Аријан, Александровата анабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; Квинт Куртиј Руф, Историја на Александар Македонски. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 1998. А. шук.