АКВАС

АКВАС – патна станица од римско време, забележана на Појтингеровата карта (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на одалеченост од ⅩⅪ римска милја од Скупи. Се идентификува со Катлановска Бања во близина на Скопје. ЛИТ.: Н. Вулић, Територија римског Скопља, „Гласник Скопског научног друштва”, И/1 (1925), 1–4; Т. Томоски, Прилог за реконструкција на Табула Пеутингериана на делницата Сцупи–Стоби, „Жива Антика”, XI, 1, Скопје, 1961. К. Аџ.