АЕРОДРОМИ ВО Република Македонија . Во Република Македонија функционираат меѓународните аеродроми во Скопје („Александар Велики”) и во Охрид („Св. Павле”), спортските аеродоми Стенковец, Аџитепе, Коњари, Логоварди и Сушево, земјоделските аеродроми Пеширово, Каратманово, Врсаково, Градско, Црвени Брегови, Сарандиново, „Даме Груев” и Логоварди (со бетонска ПСП), Мездра, Лакавица, Брод, Клечовци и Витачево (тревната ПСП), Петровец, Ебеплија (Плачковица), Пониква (Осоговија), Галичник и Јасеново (проширување на патот), како и воени аеродроми во Годивје, Горно Поле, Витолиште, Гатеново, Орел и Каратманово. Можни (регистрирани) аеродроми се и во Струмица, Битола, Овче Поле, Умин Дол и Романовце, а хелиодроми се Солунска Глава, Јаребино, Воената болница во Скопје и сите касарни на АРМ. В. Ст.