АБДУЛ ХАМИД Ⅱ

АБДУЛ ХАМИД Ⅱ (Истанбул, 21. IX 1842 – Истанбул, 10. Ⅱ 1918) – триесет и трети османлиски султан, што владеел (31. Ⅷ 1876 – 27. Ⅳ 1909) и во Македонија. На почетокот од владеењето го издал првиот османлиски устав (23. Ⅻ 1876), формирал дводомен парламент и вовел реформи во полза на христијанските поданици. Кризата кулминирала со војната со Русија, завршила со прелиминарниот Санстефански (3. Ⅲ 1878) и со Берлинскиот договор (13. Ⅶ 1878). Владеел апсолутистички, го вовел т.н. „режим на зулумот”. Од современиците бил наречен „Крвав султан”. Од власт бил симнат во 1909 г., во времето на Младотурската револуција. ЛИТ.: А. Н. Баѕкал, Гњнњ Куртарма Санаж Ⅱ Абдњлхамид’ин ѕљнетицилик сжрларж, Истанбул, 1999; Х. Њ. Дуда, Биограпхисцхес Леџикон зур Гесцхицхте Сüдостеуропас, „Сüдостеуропаисцхе Арбеитен”, 75 Лиеф. 1., Мüнцхен, 1972. Ј. Јан.