ЏУРА ЗУРЛА

ЏУРА ЗУРЛА – дувачки музички инструмент од типот обоа, со двојазична писка. Има персиско-арапско потекло и е најмал од фамилијата зурли (250– 280 мм). Најчесто се употребувал во Гевгелиско и Гостиварско. Таа ја свири главната мелодија, а е придружена од средната зурла јарамкаба, која бордунира. Има ос-Џура зурла тар писклив звук. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 106. Ѓ. М. Ѓ.