ЏУДОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ЏУДОТО ВО МАКЕДОНИЈА – нова спортска дисциплина. Организирано започнало да се практикува по заслуга на Коста Икономовски (од 1962). Џудо клубови биле основани во Скопје, Битола, Велес, Прилеп и др. Бил формиран Џудо одбор (1966), па Џудо сојуз на Македонија (1972), потоа преименуван во Федерација (2002). Прво републичко првенство било одржано во Битола (1967), а најдобри екипи биле „Вардар“ и „Партизан Ⅲ“ од Скопје и „Партизан“ од Битола. Истата година Репрезентацијата на Македонија успешно се натпреварувала на Првенството на Југославија во ЏУНДЕВА Марибор, во состав: Димче Соколовски, Т. Лазаров, Сејдо Теофиловски и Атанас Кајчевски. Била формирана Републичка (1968), а потоа и Западна и Источна сојузна лига (1969), во која се натпреварувал ЏК „Вардар“ од Скопје. Џудо федерацијата на Македонија била примена во Европската џудо унија (1994) и во Меѓународната џудо федерација (1996). Најуспешни натпреварувачи се Мустафа Фетаху, Наде Најдовска, Ѕвонко Јаневски и др. Ф. Ѓ. Љупка Џундева