ЏОЛЕВА, Виолета

ЏОЛЕВА, Виолета (Скопје, 16. Ⅶ 1951) – режисер. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1974). Била член на Радиодрамата (1958–1969); режисер во МРТ Скопје (1974–1976); режисер во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободен уметник (1992–1994); од 1994 г. е драматург и режисер на МРТ. РЕЖИИ: „Хенрих Ⅳ“, „Димна Јуда град градила“, „Ана Франк“, „Змеј“, „Колапс“, „Кралот Иби“, „Техно ѕвезда“, „Белите коњи“ и др. Р. Ст. Борис Џонов