ЏИКОВА, Соња Љупчова

ЏИКОВА, Соња Љупчова (24. Ⅹ 1945, Скопје) – спец. интернистнефролог. Мед. ф. завршила во 1970 г., а специјализација по интерна медицина и супспецијализација по нефрологија на Мед. ф. во Скопје. Формирала Оддел за ехосонографија и интервентна ехосонографија (1982). Се усовршувала во повеќе центри во Европа (Дан-ска, Белгија, Германија). Докторирала и објавила повеќе од 120 стручни и научни трудови. Коавтор е на прирачникот за лекари „Современа дијагностика и терапија во медицината“ (2000) и „Интерна медицина“ (2003). С. Џ.