ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро

ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро (Битола, 1834 – месноста Булуџа, Бугарија, 17. Ⅶ 1868) – македонски револуционер. Од трговско и револуционерно семејство. Подготвувал заговор во Битолско (1862), бил уапсен и осуден на смрт. Издржал пет години робија. По ослободувањето зел учество во Критското востание (1866). Се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско (1867). Учествувал во ослободителните борби во Србија, Романија и во Бугарија, каде што и загинал. ЛИТ.: М. Стојаноски, Прилог кон прикажувањето на животот и револуционерната дејност на Спиро Џеров-Македонски 1835–1868, „Прилози“, ЏЏВ, 43, ДНУ-Битола, 1985. Ал. Тр.