ЏЕКОВ, Томислав

ЏЕКОВ, Томислав (Гевгелија, 18. Ⅸ 1943) – ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Докторирал (1976) во Университѕ оф Пеннсѕлваниа, Пхиладелпхиа во САД. Работел во РТВ Скопје (1967–1969) како инженер за видеотехника. Од 1969 г. работи на ЕТФ во Скопје каде што во 1985 г. е избран за редовен професор. На ЕТФ вршел повеќе функции како раководител на институт, продекан и декан. Има богата научна и апликативна дејност. Во 1990 г. престојувал во Нигерија како експерт на Интернационалната телекомуникациона унија. Др. М.