ЏЕКОВ, Ангел Томов

ЏЕКОВ, Ангел Томов (Пловдив, Бугарија, 21. Ⅺ 1917 – Скопје, 8. Ⅲ 1986) – ветеринар. Од 1948 до 1983 г. бил началник, односно директор на Ветеринарната управата во РМ. Има објавено 46 научно-стручни трудови, 576 стручни популарни написи, 9 стручно популарни брошури и една скрипта за ветеринарни техничари. М. Д. – Ј. Б.