ЏЕКОВА-СТОЈКОВА, Слобода Ангелова

ЏЕКОВА-СТОЈКОВА, Слобода Ангелова (Гевгелија, 12. Ⅲ 1945) – биохемичар, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. По дипломирањето на Мед. ф. во Скопје, од 1969 работи во Институтот за биохемија, каде што била шеф и директор (1983–1998). Автор и коавтор е во над 100 труда, учебник и практикум по биохемија и учесник во бројни проекти на Институтот. ИЗВ.: Рецензија во „Билтен“ 749/2000. Д. С.-Б.