ЌОСЕВСКИ, Владимир

ЌОСЕВСКИ, Владимир (Охрид, 1. Ⅺ 1921) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет на Техничката висока школа во Белград (1953). Проектантската активност ја одвива во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид, во Скопје и во Републичкиот секретаријат за урбанизам при Извршниот совет на РМ. Изработил урбанистички планови за повеќе станбени населби во Скопје, во Охрид и во Битола. Работел и на измените и дополнувањето на Урбанистичкиот план на Скопје (1957). Се занимава и со публицистичка дејност. БИБ.: Процеси на урбанизмот во СР Македонија 1948–1981 година, МАНУ, Скопје, 1985. Кр. Т.