ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ

ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ (Ениџе Вардар, ? – ?, 1546) – поет, дервиш од Ениџе Вардар. Бил шејх на мевлевиските текии во Ерусалим, во Одрин и во Истанбул. Напишал две дела што се однесуваат за мевлевискиот дервишки ред, а пишувал и љубовни песни со мистичен и со световен карактер. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век). Редактор д-р Александар Стојановски, Скопје, 1998. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *