ЈУСУФ, Суреја

ЈУСУФ, Суреја (Сüреѕѕа Ѕусуф) (Скопје, 1923 – Орен, РТ 1977) – дипломирал на Групата ориентална филологија во Белград. Бил професор во Учителската школа во Скопје, професор на Педагошката академија во Приштина, уредник на списанието Чеврен. Автор е на книгите: Ние и нашиот јазик, Турска граматика, Поезија на турските поети од Југославија, Али ага, Раскази, и Призренски турски говор (објавен по неговата смрт); ги превел на турски јазик делата од југословенските автори: Мирослав Крлежа, Бранислав Нушиќ, Бора Станковиќ, а од турски на српски јазик ги превел делата на турските автори Фазил Хусну Дагларџа, Азиз Несин, Саит Фаик. ЛИТ.: Бедри Селим, Ѕугославѕа’да Турк Хикаѕелери, Тан, Пристине, 1977. А. Аго Ференц Јухас ЈУХАС, Ференц (Ференц Јухасз) (Биа, Унгарија, 16. Ⅷ 1928) – еден од најголемите унгарски и европски поети на ХХ в. Првата поетска збирка Крилатиот пастув ја објавил во 1949, а потоа Татко ми (1950) и Расипничка држава (1954). Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов Љубовта на Вселената. Потоа бил објавен нов избор во два тома Момчето што се преобрази во елен (1971) и Порта на тајната (1972). Книгата Златниот меч на спасот е објавена во 1973. Во 1992 г. добил Златен венец на СВП. БИБ.: Мртвиот кос (најголем унгарски еп, 1985); Црниот орелски крал (1988); Враќањето на покојникот (1988) и Подземна лилија (1991). ЛИТ.: П. Гилевски, Бујни поетски виденија, Поетика на два брега, Скопје, 1995. П. Гил.