ЈУРУКОВ, Никола

ЈУРУКОВ, Никола (с. Лабаница, Костурско, 1880 – Софија, 26. Ⅳ 1923) – архитект, идеолог на МЕФО. По Првата светска војна се вклучил во политичката активност на македонската емиграција во Софија и станал претседател на Костурското братство и учесник во Привременото претставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на Привремената комисија на македонските братства (1920), член на Задграничното претставништво на МЕФО и ја застапувал пред Друштвото на народите во Женева (1922), идеолог и соработник на в. „Автономна Македонија” (1920–1922). Убиен е во Софија од припадници на ВМРО. ЛИТ.: Ангел Динев, Политичките убиства во Бугарија, Скопје, 1951; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство, Скопје, 1980. З. Тод. Димитар Јуруковски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *