ЈУРА

ЈУРА (џура) – зурла со најмали димензии. Има многу пискав и продорен звук, поради што секогаш ја свири водечката мелодија. Тогаш бордунската мелодиска линија ја свири зурлата со средна големина, наречена јарамкаба (в). Во минатото најчесто се користела во Гевгелиско, како придружник на русалиските ора, а денес ретко се среќава во зурлаџиската свирачка практика. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 106. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *