ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО (1937). Пред крајот на 1936 г. Велика Британија извршила притисок врз Владата на Југославија за придобивање на Бугарија за Балканскиот пакт. Југославија и Бугарија склучиле, во Белград, Договор за вечно пријателство (24. Ⅰ 1937). Пред потпишувањето на јавниот договор ги усогласиле интересите, при што постигнале таен договор според кој Бугарија се обврзала да се откаже од претензиите кон Вардарскиот дел од Македонија и да ги бара териториите во Србија што ги добила Југославија со Нејскиот договор (1919), Босилеградско и Царибродско, а Југославија се обврзала да £ даде поддршка на Бугарија за излез на Егејското Море. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори И (1913-1940), Скопје, 2006.М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *