ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКАНСКА СТРАНКА

ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКАНСКА СТРАНКА (1921) – српска политичка партија основана од група либерални граѓански интелектуалци од Србија. Основачкиот конгрес се одржал во Бел-град на 21 јануари. Се застапувала за републиканско уредување на државата. Основачи и водачи биле: Ј. Жујовиќ, Љ. Стојановиќ и Ј. Продановиќ. На Вториот конгрес (27. Ⅱ 1924) се определила за федерал-но уредување на државата СХС/Југославија. Орган на ЈРС бил в. „Република”. По Втората светска војна влегла во Народниот фронт. ЛИТ.: Д-р Надежда Цветковска, Граѓанските политички партии во Вардарскиот дел на Македонија (1935–1941), Скопје, 1996. Н. Цв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *