ЈОТОВ, Огњан Христов

ЈОТОВ, Огњан Христов (Орехово, НР Бугарија, 30. Ⅰ 1939) – математичар, ред. проф. (1986) на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал (1965) на ПМФ во Загреб, каде што и магистрирал (1972), а докторирал (1985) на ПМФ во Скопје со темата „Кватерниони и диференцијална геометрија”. Тој е автор на трудови од областа на диференцијалната геометрија. Бил уредник (1977–1984) на „Математичкиот билтен”. ЛИТ.: Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987; БУ бр. 471/’86. Н. Ц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *