ЈОСИФОВ, Јосиф Харитонов

ЈОСИФОВ, Јосиф Харитонов (Дебар, 24. Ⅰ 1928) – анатом, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1984). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1957), а докторирал во Белград за акцесорните венски комуникации на интракранијалниот и екстракранијалниот крвоток (1974). Се усовршувал во Данска, Норвешка, Чехословакија и во шведска. Истражувал краниофацијален скелет и венска циркулација во черепната празнина. Објавил над 70 трудови. шеф е на Катедрата по анатомија и директор на Институтот за анатомија (1966–1988). Го опремил и осовременил Институтот за анатомија и иницирал интердисциплинарна научна соработка. Претседател е на Здружението на анатомите на Југославија (1969–1973) и организатор наⅤи на ⅩⅠⅠⅠ конгрес на Здружението, одржани во РМ. БИБ.: Анатомија на ЦНС со сетила, Скопје, 1987; коавтор: Општа анатомија, Скопје, 1983; Нога, Скопје, 1982, 1993; Рака и граден кош, Скопје, 1981; Глава со врат, Скопје, 1984; Остеологија, Белград, 1981. ЛИТ.: Алманах на првата генерација студенти на Медицинскиот факултет во Скопје, Скопје, 1989. К. К.-П.