ЈОСИФОВСКИ, Перо

ЈОСИФОВСКИ, Перо (ПробиШтип, 25. Ⅴ 1966) – нумизматичар. Дипломирал историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1991), а магистрирал на Институтот за историја на уметноста и археологија (2000) во областа на античката археологија. Од 1991 г. работи како кустос за античка нумизматика во Музејот на Македонија, а од 2007 г. е програмски директор на оваа институција. БИБ.: Цоинс њитх ΠΑΙΟΝΩΝ фром тхе цоллецтион оф тхе Натионал Банк оф тхе Републиц оф Мацедониа, Мацедониан Нумисматиц Јоурнал, 4, Скопје, 2000, 15-28; Римската монетарница во Стоби, Скопје, 2001; Тхе Бегиннингс оф Минтинг амонг тхе Паеонианс (Дерронес), Фолиа арцхаеологица Балканица, И, Скопје, 2006, 251– 262. Д. З.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *