ЈОРДАНОВ, Минчо

ЈОРДАНОВ, Минчо (Штип, 1. Ⅶ 1944) – бизнисмен, успешен менаџер. Дипломирал на Технолошкометалуршкиот факултет во Бел-град (1968). Генерален директор на претпријатието Рудници и железарница „Скопје” (1983&1988), директор на Претставништвото на „Технометал&Вардар” во Москва (1889&1992), ангажиран во швајцарската компанија „Дуферко” СА од Лугано (1992&1994), член на Бордот и директор на компанијата и одговорен за земјите од СССР (1994&1997), а потоа е претседател на Одборот на директорите на „Макстил” АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко”. Меѓувремено е потпретседател на Владата на Република Македонијаза стопански прашања (2004&2006). Бл. Р.