ЈОРДАНОВСКИ, Љупчо

ЈОРДАНОВСКИ, Љупчо (Штип, 13. Ⅱ 1953) – електро-инженер, научен советник (1998) на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, политичар. Дипломирал (1975) и магистрирал (1978) на Електротехничкиот факултет во Загреб. Докторирал (1985) на Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес со темата „Студија на нумеричките методи во инверзијата на земјотресното жариште”. Држел настава на ПМФ, на Руд.геол. фак. и на Институтот за земјотресно инженерство. Придонел во опремувањето и модернизирањето на Сеизмолошката опсерваторија и во изучувањето на сеизмичноста на РМ. Бил на високи функции во Сојузот на комунистите на Југославија и во Социјалдемократскиот сојуз на РМ, претседател на Собранието на РМ (2004–06) и кратко време амбасадор на РМ во САД. Лидер на партија. ЛИТ.: 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 456. В. Ур.