ЈОН, Думитру М

ЈОН, Думитру М. (Бретешти, Куртеа де Арџеш, Романија, 26. IX 1947) – романски поет, раскажувач, романсиер, есеист, критичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Има преведено шеесетина дела од македонската литература. Член е на МАНУ надвор од работниот состав и почесен член на ДПМ. Завршил Академија за театар и филм во Букурешт. Сопственик е на книгоиздателството „Ориент Окуирент”. БИБ.: Јадец, поезија, Букурешт, 1966; Балкански, поезија, Букурешт, 1970; Сказна за прекрасните патувања, роман, Букурешт, 1973; Боја и арома, поезија, Букурешт, 1974; Лов, избрани песни, Букурешт, 1981; Скрибот и претставата, роман, Букурешт, 1985; Фараон, стихови, Букурешт, 2000. Ав-тор е на антологијата Македонска лирска фаланга, Ск., 1991. П. Гил. Милош Јон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *