ЈОЛЕВСКИ, Ѓорѓи

ЈОЛЕВСКИ, Ѓорѓи (Битола, 10. Ⅲ 1964) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1989). Член е на Драмскиот театар во Скопје (1992 –1999) и на Драмата на МНТ (од 1999), а потоа и нејзин директор (1999–2000). УЛО.: Акаст („Медеја”), Валмонт („Квартет”), Калигула и Хамлет (во истоимените дела), Клеонт („Вообразен болен”), Естрагон („Чекајќи го Годо”), Пи-нус („Ништо без Трифолио)”, Мефисто („Фауст”) и др. ФИЛМСКИ УЛО.: „Трст виа Скопје”, „Претежно ведро”, „Викенд на мртовци”, „Тетовирање”, „Ангели на отпад” и др. Р. Ст.