ЈОЛЕВСКИ, Томе

ЈОЛЕВСКИ, Томе (Битола, 28. Ⅱ 1948) – редовен професор на Тех-Томе Јолевски ничкиот факултет во Битола за Индустриски менаџмент. Дипломирал на Факултетот за технички науки на Универзитетот во Нови Сад, Србија (1972), магистрирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Загреб, Хрватска (1981) и докторирал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1988). По дипломирањето се вработува на Факултетот за технички науки на Универзитетот во Нови Сад, како асистент. Работи во РЕК „Битола” како раководител на одржувањето (1976), а подоцна е вработен на Техничкиот факултет во Битола (1991). Во два мандата бил раководител на Графичкиот отсек на Техничкиот факултет во Битола. Основоположник и раководител е на студиската програма Индустриски менаџмент. Има објавено повеќе од 100 научни и стручни трудови во земјата и во странство и поголем број учебници и монографии. Гл. К.