ЈОВКОВ, Арсени

ЈОВКОВ, Арсени (с. Селце, Струшко, 1882 – Горна Џумаја, 1924) – поет и публицист, општественик, револуционер, учесник во Илинденското востание, преведувач, филмолог. Како литерат се пројавува во првите две децении на ХХ в., во периодот на својот престој во Бугарија. Пишува на бугарски јазик. Стартува во поезијата како ученик во Битолската гимназија (кон 1900), речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински. Убиен е во Горна Џумаја (Благоевград) во Пиринскиот дел на Македонија од страна на терористите на Ванчо Михајлов. Редактор е на весниците „Илинден”, „Пирин” и „20 јули”, а по 1923 г. решително се одредува на страната на македонската левица. Приживе издал две поеми: „Проклетина” (Варна, 1905) и „Љуљебургас” (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови „Илинден”. Вонредна лирска топлина му ја краси поетската реч. Во македонската литературна периодика првични осветлувања имаат дадено Ацо Алексиев и Гане Тодоровски, додека за неговото публицистичко дело пишувал и помал избор објавил во посебна книга Боро Мокров (Скопје, 1998). На македонски јазик му се издадени две книги: „Илинден” (Скопје, 2005) и „Поеми и песни” (Скопје, 2006), во превод на Милан Пангоски-Селечки. Архивската оставина на Јовков се чува во МАНУ. Г. Т. Спасе Јовковски ЈОВКОВСКИ, Спасе Методиев (с. Љубојно, Ресенско, 29. Ⅹ 1948) – неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил продекан на Мед. ф. (1994–1996) и директор на Неврохируршка клиника (2002 –2005). Објавил над 100 научностручни трудови. Автор и коавтор е на неколку книги од областа на неврохирургијата. БИБ.: Краниоцеребрални повреди, Скопје, 1998; коавтор: Трауматска кома, Скопје, 1991; Неурохирургија, Скопје, 1992; Клиничка трауматологија, Скопје, 2000; Неурохирургија, Скопје, 2003; Неуротрауматологија, Скопје, 2006. Ал. Ставр. Трајан Јовковски