ЈОВКОВСКИ, Трајан

ЈОВКОВСКИ, Трајан (с. Селце, Охридско, 11. Ⅲ 1944) – електроинженер, кајакар на диви води. Завршил Електротехнички факултет во Скопје. Бил член на Бродарското друштво „Мирче Ацев” во Скопје (од 1957). Тој е повеќепатен првак на Македонија во кајак на диви води (1959–1970), а на Југославија осумпати. Бил југословенски репрезентативец, капитен (1961–1971) и тренер (1972– 1975). На светските првенства настапувал неколку пати, а најдобро се пласирал во Хаинсберг (Германија, 1961) во слалом во Ф1 на тринаесетто место и во 3џФ-1 на четврто место. Во Ротенваизериц (Германија, 1961) во спуст во Ф-1 бил деветнаесетти. Успешно настапувал на голем број меѓународни натпревари. ЛИТ.: Душко Симоновски, Кајакот во Македонија, Скопје, 1994. Д. С. Раде Јовчевски -Корчагин

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *