ЈОВАН, митрополит

ЈОВАН, митрополит (Зоран Вранишковски) (Битола, 28. Ⅱ 1966) – расчинет владика на МПЦ, Егзарх охридски на СПЦ. Синодот на Македонската православна црква го избрал и го хиротонисал за викарен епископ на митрополитот Петар, со титула епископ Дремвитски (13. Ⅶ 1998), потоа бил поставен за администратор на Брегалничката епархија (12. Ⅲ 2000), оттаму сменет и назначен за митрополит на Повардарската епархија (10. XI 2000). Своеволно отпаднал од Македонската православна црква, по што бил расчинет (9. Ⅶ 2003) и интрониран од Синодот на МПЦ (4. Ⅻ 2000). Пред расчинувањето £ пристапил на Српската православна црква (2002), која го назначила за Егзарх охридски, а потоа и за Поглавар на т.н. автономна Православна охридска архиепископија, под јурисдикција на Српската православна црква. Евидентиран е во списокот на српските архијереи. Дејствува противканонски против МПЦ. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр. ЈОВАНОВ, Марјан (Штип, 12. Ⅷ 1966) – археолог. Дипломирал на Институтот за историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал (2001). Од 1995 г. е асистент по предмети-Марјан Јованов те Класична археологија, Античка археологија на Балканот и Историја на уметноста на старите народи. Во 1999 г. бил стипендист на Универзитетот во Виена, во рамките на Хердеровата награда. Врши истражувања на повеќе локалитети во Делчевско, Струмичко, Штипско, на Голем ГрадПреспа и др. БИБ.: Нови согледувања за античкиот пат Стоби-Пауталија, „Македонско Наследство“, 20, Скопје, 2002; (коавтор со Е. Манева, Ф. Велјановска) Чукарка, Скопје, 2004. Д. З.