ЈОВАН, Зограф

ЈОВАН, Зограф – син на поп Теодор од Грамоста (село на планината Грамос). Еден е од најистакнатите сликари од времето на охридскиот архиепископ Прохор. Бил современик на големиот ктитор, кнезот Димитар Пепиќ од Кратово, како и на славниот сликар Онуфриј Аргитис. Се оформил на традициите на постарото костурско сликарство. Неговата активност се следи меѓу 1534 до 1542 г., од Костур до старата об-ласт Железнец (Демир Хисар), со најголема продукција во манастирите „Св. Јован Продром” во Слепче и Топличкиот „Св. Никола”. Работел и во соседните села Слоештица и Бучин. Изгледа дека имал сликарско ателје и следбеници монаси во манастирот Слепче. Се потпишал на грчки јазик на маргините на престолната икона Исус Христос Сотир (1534-1535). Тоа е сликар со високи уметнички квалитети, споредливи со класичното палеологовско сликарство, добар познавач на догматиката (Визијата на Езекил, цитати од литургијата), актуелен е како во однос на новоканонизираните светители (го насликал праликот на светителот Ѓорѓи Нови Кратовски), така и во однос на политичките тенденции на охридскиот архиепископ Прохор, во врска со враќањето на супрематот над Српската црква (ги претставува српските култови> светителите Симеон и Сава) итн. Ги познава, подеднакво, грчкиот и црковнословенскиот јазик. Неговиот богат опус е сè уште неистражен. ЛИТ.: К. Балабанов, Нови податоци за манастирот и манстирската црква свети Никола Топлички, Скопје, 1956, 9; М. М. Машниќ, Јован Зограф и неговата уметничка активност – досегашни и најнови сознанија, „Културно наследство”, 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 69-79. М. М. Расчинетиот митрополит Јован