ЈОВАН, Владимир

ЈОВАН, Владимир (?–1016) – кнез на Дукља, зет на царот Самуил. Кога Самуил ја освоил Дукља, бил заробен и бил затворен во Преспа (крај на Ⅹ в.). Во него се вљубила и за него се омажила ќерката на Самуил Косара, по тоа тој бил вратен на престолот во Дичо Зограф: фреска на св. Јован Владимир во црква „Св. Георгија”, с. Рајчица Дукља. Бил убиен во Преспа (1016) по наредба на царот Јован Владислав. Црквата го прогласила за светител. ЛИТ.: Лјетопис попа Дуклјанина, Загреб 1950, 78–84; Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин 1973, 353, 64–354,70; С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969, 36–37, 97–98. К. Аџ.