ЈОВАН, Ангел

ЈОВАН, Ангел (?–1244) – солунски цар (1237–1242) и деспот (1242–1244). Дошол на власт со помош на слепиот татко (цар Теодор И), во чија сенка управувал. Никејскиот цар Јован Ⅲ Ватац презел поход (1242) кон Солун и го присилил да се откаже од царската круна, признавајќи му ја титулата деспот; на таа должност починал. ЛИТ.: Д. М. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957; К. Аџиевски, Првите никејски освојувања во Македонија и ликвидирање на Солунското царство, „Историја”, ⅩⅠⅩ/1, Скопје, 1983. Б. Петр. ЈОВАН (ИВАН) ВЛАДИСЛАВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *