ЈОВАНОВСКИ, Станимир

ЈОВАНОВСКИ, Станимир (с. Леуново, 9. Ⅹ 1926) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Првата година на студиите ја завршил на Институтот „Молотов” во Москва, а дипломирал (1953) на Електротехничкиот факултет во Белград. По завршувањето на студиите престојувал 6 години во Франција. Во 1957 г. 6 месеци работел на докторската дисертација и докторирал во 1962 г. на Електротехничкиот факултет во Загреб. Во 1959 г. се вработил во Фабриката за електрични производи „Југ” во Скопје. Во 1960 г. е избран за доцент и истовремено станал шеф на Катедрата за електрични машини. Во 1970 г. е редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1969 г. престојувал во САД на Гларксон Цоллеге оф Тецхнологѕ во Потсдам – Њујорк. М. Чунд.