ЈОВАНОВСКИ, Милан Стефанов

ЈОВАНОВСКИ, Милан Стефанов (Тетово, 12. Ⅹ 1932) – спец. по патолошка анатомија, редовен проф. на Мед. ф. (1990). Дипломирал медицина во Скопје (1960), а хабилитирал за микроскопските промени на дисеминирана интраваскуларна коагулација кај фулминантни форми на хепатитис (1972). Се усовршувал во шведска и во југословенските центри. Формирал и организирал лабораторија за примена на имунофлуоресцентниот метод за дијагностички и научни цели, особено кај автоимуните и кај ендокрините заболувања. Бил продекан (1978– 1980) и декан (1988–1990) на Мед. ф. во Скопје, проректор на УКИМ (1991-1992), директор на Институтот и шеф на Катедрата по патолошка анатомија (1982– 1988, односно 1986) и претседател на МЛД и на Сојузот на лекарите на Југославија. Публикувал над 85 трудови и авторизирана скрипта од предавањата по предметот патолошка анатомија. ЛИТ.: Билтен УКИМ, бр. 531. К. К.-П.