ЈОВАНОВСКИ, Мето

ЈОВАНОВСКИ, Мето (с. Панчарево, Берово, 17. Ⅰ 1946) – актер. Завршил Театарска академија во Софија (1971). Во Драмскиот театар е од 1. IX 1971 г. Уметник со сценски ликови што секогаш им даваат белег на претставите и се резултат на неговата силна и докрај разработена сценска игра. Режисер е и на неколку претстави. УЛО.: Јане („Јане Задрогаз”), Симон („Диво месо)”, Еригон, Хамлет (во истоимените дела); Порфириј („Злосторство и казна”) и др. ФИЛМСКИ УЛО.: „Црвениот коњ”, „Среќна Нова ’49”, „Хај-фај”, „Време, води”, „Пред дождот” и др. Р. Ст. Милан Јовановски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *