ЈОВАНОВСКИ, Илија

ЈОВАНОВСКИ, Илија (псевд. Цветан) (с. Топлица, Прилепско, 1921 – с. Здуње, Мариовско 18. Ⅷ 1944) – комунистички деец и првоборец. Како член на СКОЈ (1939) бил учесник во илинденските демонстрации во Прилеп (1940), а потоа станал и член на КП во Македонија (по август 1940). По Априлската војна (1941), по повикот за служење на воениот рок во бугарската армија, преминал во илегалство и станал борец на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев” (1941). Подоцна бил на илегална работа во Преспа (1942), борец на НОПО „Даме Груев” и заменик-командант на баталјон на Првата македонско-косовска НОУБ. Од Гш на НОВ и ПОМ бил користен и за курирски врски. Загинал како заменик-командант на Петтата македонска НО бригада. Прогласен е за народен херој на Југославија (2. Ⅶ 1952). ЛИТ.: Илија Јовановски-Цветан, Бригада на братството и единството, Скопје, 1958, 469-470; Коце Солунски, Јовановски Игне Илија-Цветан (1921-1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 138-143; Илија Јовановски-Цветан, Втора македонска ударна бригада, Скопје, 1973, 159. С. Мл. Коле Јовановски ЈОВАНОВСКИ, Коле Јованов